Американскиот адвокат Стивен Вајз вчера пред Државниот апелациски суд во Менхетн аргументираше дека шимпанзата треба да бидат третирани како личности.
Вајз, кој е претставник на „Нонхјуман Рајтс Проџект” – организација за заштита на правата на животните, поднесе барање шимпанзата Томи и Кико да бидат ослободени од кафезот и да живеат „во азил“ на отворено, оти, како што вели, „заслужуваат подобар и поквалитетен живот“.
Тој веќе неколку години, засега неуспешно, се труди да докаже дека мајмуните треба ги уживаат човековите права.
Доколку го добие процесот, Томи и Кико ќе добијат азил на еден од островите близу Флорида.
„Нонхјуман Рајтс Проџект” во 2013 ја почна правната битка во име на Кико и Томи, а потоа и во име на Херкул и Лео, шимпанза што се користат за анатомски експерименти на Универзитетот Стоуни Брук на Лонг Ајленд.