Студија: Кучињата чувствуваат љубомора

Од:

Кучињата се во состојба да бидат љубоморни, покажа новата студија објавена во научното списание „Plos one“.

Истражувањето, за кое научниците тврдат дека е прв експеримент за кучешката љубомора, би можело да го редефинира ставот дека комплексната емоција како што е авист, е само човечка конструкција, изјави Кристин Харис, авторка на студијата и психолог од Универзитетот Калифорнија.

Сопствениците на 36 мали кучиња требаше да направат три работи на тестот – целото внимание да го посветот на робот – куче, пластична тиква и да читаат детски книги на глас игнорирајќи ги нивните миленичиња.

Експертите ги следеле реакциите на кучињата. Околу 80 отсто од кучињата ги туркале или ги допирале нивните сопственици кога си играле со играчката, речиси два пати повеќе отколку кога си играле со тиквата и четири пати повеќе отколку додека читале.

Четвртина од кучињата дури и шкрипеле со забите на играчката која лае, цвили и мавта со опашката кога сопственикот со игра со неа. Само едно куче р`жело на тиквата и книгите.

– Не можеме да зборуваме за субјективните чувства на секое куче, но се чини дека биле мотивирани да ја заштита важната социјална врска, наведе Харисов во соопштението.

Експертите сметаат дека љубомората се развила како начин животински парови да ги заштитат своите сексуални врски или младенчињата да се борат за храна и винимание на родителите.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он