Група студенти кои во рамките на практичната настава снимале документран филм во Северна Ирска, со своите камери случајно „уловиле чудовиште“.
Студентите на езерото Лох Фојли во Северна Ирска снимале документарен филм насловен „Риболов со Дејвид Линч“, кога одеднаш, според нивните кажувања, од водата се појавило „големо црно суштество“.
– Снимавме кога тоа суштетсво мина покрај нас. Беше огромно. Не знам што беше тоа… По се изгледа имаме свое чудовиште од Лох Нес, изјави Конал Меларки, еден од студентите од групата.
Но, скептиците веднаш се посомневаа во оваа приказна. Според нив, околината прикажана на снимката наликува на езерото Хавт, кое е речеси 200 километри одалечено од Лох Фојли.
Најпознато меѓу езерските чудиовишта во светот е Неси од езерото Лох Нес во Шкотска.
Приказната за Неси датира од пред 80 години, кога наводно брачна двојка случајно снимила чудовиште во водите на Лох Нес. Митот за Неси секоја година привлекува многутуристи на ова шкотско езеро.