Страв од крај на врската, но зачувајте го срцето

Од:

Се повеќе забележувате дека сте незадоволни во врската и размислувате за крај. Сепак, се плашите од осаменоста и скршеното срце?

Ослободете се од стравот и депресијата и потрудете се да бидете среќни.

Сите се плашат од осаменоста и стравот дека нема да го гледаат лицето до кое ни е важно. Постојат неколку стравувања, но и чекори со кои ќе можеме полесно да ја минимизираме штетата. Поради овие причини само го одложуваме неизбежното.Пет причини поради кои секогаш го одложуваме крајот.

Страв од болка

Kога сакате некого, болката е голема. Партнерот може да не чувствува повеќе толку многу љубов, а тоа вас ќе ве исплаши и ќе речете дека таквата врска нема смисла. Другата страна ќе ви врати со зборовите дека време е за крај.

Долгото и тешко заздравување

По прекинувањето со некој кого сте го сакале, „заздравувањето“ е долго и тешко. Овој страв ги двооуми луѓето и најчесто повеќе остануваат во несреќна врска, отколку сами.

Тешка разделба

Ако сте сигурни дека вашиот сакан/а повеќе не се грижи за вас, па дури и чувствувате дека постои уште некој, не е возможно да не бидете лути, љубоморни и фрустрирани. Некои луѓе се ќе стават „во кутија“ само да се поштедат себе си од тешката разделба.

Нема враќање

Откако ќе ги кажете сите ваши проблеми, враќање нема. И покрај тоа што знете дека постапувате правилно, длабоко во себе се плашите од непознатото. Можеби се надевате дека партнерот ќе се промени, па ќе си ја спасете врската.

Чекори назад

Нема ништо полошо од врска во која партнерите де прекинуваат, де се враќаат назад. Одлучете што правите. Ако се уште го сакате партнерот, можеби ќе почувствувате дека ќе изгубите многу. Сепак, постои само еден вистински начин да дознаете и ако е потребно да ги совладате вашите чувства.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он