Сто и шест начини да додевате

Од:

Спамот, за кој секој корисник на мобилен телефон во Кина е свесен за заради интензивното додевање, е растечки бизнис во Кина. Нивните испорачатели возат низ резиденцијалните населби во „автомобили за текстуални пораки“ со нелегални, но лесни за наоѓање. играчки кои ги користат за да крадат линкови помеѓу корисниците на мобилни телефони и околните комуникациски ќелии. Потоа целат на броевие кои ќе ги соберат, ги бомбардираат со спам текстуални пораки пред да заминат. Корисницнте на мобилни телефони вообичаено само очајно гледаат: Уште еден напад од спам пораки кои нудат станови, совети за инвестиции и ефтини рецепти како даночни совети.

Кинеските корисници на мобилни телефони добиваат повеќе спам текст пораки отколку сличните корисници речиси насекаде во светот. Тие во 2013 година добиле повеќе од 300 милијарди пораки или речиси по една на ден за секое лице кое користи мобилен телефон. Корисниците во големите пазари како што се Пекинг или Шангај, добиваат по две на ден или повеќе од 700 годишно, што е можеби една петтина до една третина од сите пораки. За споредба, Американците добиле околу 4,5 милијарди „ѓубре“ пораки во 2011, или помалку од 20 годишно по корисник на мобилен телефон – од повеќе од два трилиони текстуални пораки кои биле испратени.

Пробемот на Кина со спамовите постои со години, и покрај постојаните најави на властите дека ќе ги запрат. Зошто не успеаја нивните обиди? Безбројните спам комбиња се дел од проблемот: тешко се откриваат и се многу профитабилни. Еден автомобил може да испрати и 200 илјади пораки на ден, по цена од 1.600 долари на ден. Толку отприлика чини и направата која ги пресретнува броевите, која може да биде поставена и дома. Опремата ги имитира броевите од кои пораките наводно се испраќаат.

Кинеските корисници можат да пријават спам пораки, како и во многу други земји. Но, спамерите кои повремено се откриваат сепак велат дека ова им се исплати. Казните се смешни. Властите неодамна предложија нивно зголемување на 30 илјади хуани – што е кикирики за возачите на спам коимбињата.

И државните провајдери се дел од проблемот. Тие заработуваат барем по неколку кинески центи од секоја спам порака која ќе биде пратена по нивната мрежа. Во Америка и на други пазари, провајдерите сфатија дека цената, и во долари и во репутацијата, во справувањето со гладните потрошувачи, го надминува сето она што би го заработиле од спамовите.

– Наместо тоа, тие работат вредно за блокирање на спамовите, наместо да зависат од регулаторите за да го контролираат проблемот, вели Том Лендсман од „Клаудмарк“, фирма за борба против спамови. – Индија се обиде на воведе тешки казни за операторите кои ќе дозволат спамови по нивните мрежи, додава Лендсман.

Спротивно на тоа, во Кина трите најголеми мобилни оператори продаваат специјални броеви кои почнуваат со бројките 106. Тие се изземени од правилата со кои се ограничува бројот на пораки кои би се испраќале дневно според нормална тарифа. Регулаторите дозволуваат овие броеви да се користат во некомерцијални цели, како што се компани кои им испраќаат пораки на своите вработени. Но, „Тенцент мобиле сикјурити лаб“, фирма за безбедносен софтвер, открила дека минатата година, 55 проценти од мобилниот спам кој бил пријавен од корисници дошле од броевите 106.

По објавувањето на документарен филм од минатата година за овие случувања, кој го направи кинеската државна телевизија, „Чајна мобиле“, еден од најголемите провајдери, призна дека постојат „дупки и недоследности“ и најави дека ќе работи на тоа да ги „држат луѓето одговорни“. Телевизијата проценува дека трите најголеми провајдери заработуваат стотици милиони долари годишно само од спам пораки.

Економист – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ