Истражувањето на тајванските научници покажа дека татковците имаат силно влијание врз ризикот за конзумација на алкохол кај тинејџерите од двата пола.
Од друга страна влијанието на мајките е значително помало и забележано е само кај тинејџерките.
Во студијата се користени податоци собрани од околу четири илјади ученици од средни училишта.
Истражувањето исто така покажа дека децата на татковците, кои не одобруваат конзумирање алкохол имаат до 73 отсто помал ризик за пиење алкохолни пијалоци.