Британката Дорис Лонг се спушти со јаже низ зграда висока 35 метри, прославувајќи го на тој начин својот 99-ти роденден со нов рекорд и собирајќи пари за хуманитарни цели.
Безстрашната старица се спушти со јаже по зградата на Универзитетот во Портсмут во рамки на хуманитарна манифестација. Во слични подвизи досега учествувала осум пати.
– Беше возбудливо, изјави Лонг по спуштањето, додавајќи дека најмногусе радува на заминувањето на роденденската забава со семејството и пријателите.