На Интернет се појавија фотографии на српскиот фудбалер Милан Родиќ, на кои тој е прикажан гол „како од мајка роден“.
Белградскиот весник „Блиц“ објави дека експлицитните фотографии на Родиќ се објавени на Инстаграм на лажен профил со неговото име.
Покрај три фотографии на голиот Родиќ, на профилот бил објавен кус видео запис.
Набрзо по објавувањето, фотографиите и видеото биле избришани од Инстаграм, но сепак тие биле јавно достапни доволно време за да се прошират низ интернет.
Засега не е познато кој ги објавил фотографиите, но српските медиуми шпекулираат дека тоа најверојатно го сторила поранешната девојка на Родиќ во знак на одмаза.
Родиќ во моментов игра за рускиот клуб „Зенит“.