Кинески научници открија дека Спрајт го забрзува процесот на елиминација на алкохол од организмот, за разлика од некои растителни чаеви кои го задржуваат.
Луѓето кои конзумираат алкохол имаат свои начини на кои се борат против мамурлакот, а нивната цел е да се ослободат од главоболката и мачнината.
Научниците во Кина открија дека газираниот пијалак Спрајт е многу добар за борба против мамурлакот. Тестирале 57 различни пијалоци, а Спрајт беше најдобар кога станува збор за намалување на симптомите поврзани со конзумирање алкохол.
Заклучиле дека многу растителни чаеви немаат сличен ефект, туку дополнително го продолжуваат мамурлакот.