Создаден ембрион од три „родители“?

Од:

Американските научници велат дека испитувањата на контроверзниот третман на вештачко оплодување на луѓето и животните ветуваат резултати.

Откритијата објавени во списанието „Nature” покажуваат здрави ембриони кои можат да бидат создадени од мешавина од три возрасни донатори.

Некои од човековите ембриони кои се развиени во лабараторијата изгледаат сосема нормално, а некои мајмуни создадени со оваа техника се здрави и сега имаат три години.

Овој начин на оплодувањето е смислен за да ја спречи деформацијата и смртоносните „митохондријални“ болести кои се пренесуваат само од мајката и кои предизвикуваат слабост во мускулите, слепило и откажување на срцето.

Користејќи два женски донатори, ДНК грешките би можеле во потполност да се исклучат, веруваат научниците.

Вештачкото оплодување со три „родители“ ги користат клучните генетски информации на родителите, вообичаено, но им се вметнува и донаторот кој содржи здрави митохондрии.

Митохондријата се наоѓа во цитоплазмата и содржи само дел од нашиот генетски материјал. Меѓутоа таа ги одредува бојата на косата и очите.

Тимот од Орегон зел јајце клетки од седум жени кои доброволно се пријавиле во истражувањето.

Научниците успеале да ги заменат митохондријската ДНК кај 65 јаце клетки, а потоа го следеле нивниот напредок една седмица.

Докторите велат дека истражувањето покажува дека техниката добро функционира, барем во лабараториски услови. Се уште не е познато дали би можела да доведе до раѓање на здраво бебе.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он