Совети против наезда од муви

Од:

Мувите, во повеќето случаи, не се опасни, но освен што се здодевни и често нѐ нервираат, понекогаш може да бидат преносители на вируси и бактерии што се шират преку храната. За да не се собираат муви, се препорачуваат неколку работи.

Првиот совет гласи: Отстранете ја храната која почнала да скапува – било тоа да е старо месо или овошје, зеленчук… Исто така, осигурете се, површините во опкружувањето да бидат суви, бидејќи по природа, мувите положуваат јајца на влажни површини.

Натаму, собирајте го ѓубрето редовно. Корпата полна со храна е „идеалниот дом“ за муви, особено лете, па затоа ѓубрето се фрла редовно и корпите треба да се секогаш затворени.

Одредени растенија или зачини имаат силен мирис што мувите не ги сакаат. Тука спаѓаат: босилекот, лавандата, невенот, ловоровиот лист и нането, кои може да стојат и на маса. Истото важи и за црвените пиперчиња.

И растенијата муволовки се делотворни против овие летни „напасници“, оти тие, всушност, се хранат со муви и другите инсекти. Но, поубаво е да бидат засадени во градината, а не во куќата.

Следуваат вештачките муволовки… Мешавина од оцет и детергент за миење садови е, исто така, одлична стапица за мува. Во мало капаче, измешајте јаболков оцет со неколку капки детергент, и тоа оди во висока чаша, што се покрива со фолија со дупче. Мувите ќе бидат привлечени од мирисот на јаболко, но ќе се залепат за детергентот.

Вториот совет за „направи сам“ гласи: Земете пластично празно шише и исечете го горниот дел. Истурете вода со шеќер внатре и вратете го горниот дел. Исечете дел од шишето, но свртете го наопаку, така што делот каде што капачето ќе се наполнии со водата. Мувата ќе влезе во шишето преку исеченото дупче, привлечена од шеќерот, но нема да знае како да излезе.

Борбата со мувите не е лесна, но понекогаш, само упорноста и трепението се клучни.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ