Со потсвесни пораки ни го перат мозокот, преку ТВ и филмовите ги програмираат луѓето?

Од:

Идејата дека некој може да ве контролира со филмови, музика или реклами е застрашувачка. Нема човек кој не се плаши од перење на мозоци, па затоа и не зачудуваат теориите за групи кои со скриени слики и зборови се обидуваат да ги контролираат масите. Сето тоа уште помалку е чудно, кога се знае дека потсвесни пораки навистина постојат и дека се користат. Прашање е само дали се ефикасни. Стравот од користењето на масовните медиуми за перење на мозоци се јави во 50-тите години, со развојот на телевизијата, конзумеризмот и визуелното огласување.

Раѓање на идеја

Теориите за потсвесни пораки и контрола на луѓето не настанале случајно, туку заслугата за тоа припаѓа на истражувачкиот маркетинг на Џејмс Викери.

Во септември во 1957 година тој во текот на прикажување на филм во кино повеќе пати пуштал две пораки: Јади пуканки и Пиј Кока-Кола. Тие траеле дел од секунда и никој не ги забележувал, но Викери соопштил дека благодарение на нив продажбата на пуканки се зголемила за 57,1 отсто, а продажбата на Кока-Кола за 18,1 отсто.

– Овие тврдења предизвикаа страв меѓу луѓето. Наспроти тоа што е докажано дека тврдењата на Викери за растот на продажбата се неточни, бидејќи тој сам признал дека резултатите ги измислил, стравот од нов вид на маркетинг станал клучен во многу теории на заговори – пишува Френ Мејсон во енциклопедијата Теории на заговори во американската историја.

Секако, гласините за успехот на потсвесните пораки не можеле да се запрат. – Авторот на Новиот свет, Олдос Хаксли сметал дека потсвесните пораки се доказ дека се раѓа дистописки свет за кој пишувал, бидејќи ја понишуваат слободната волја. Секако, ЦИА веднаш сакаше да види дали техниката е успешна, па спроведе слични експерименти, а маркетиншките и ТВ куќите продолжија да ги испитуваат потсвесните пораки – пишува Сајмон Ли во книгата Контрола на умот: Испирање на мозоци, хипноза и ментализам.

Под контрола на ЦИА

Публицистот Алекс Константин тврди дека потсвесните пораки биле само почеток, а дека ЦИА со покренување на програмата Птица итрица (Mockingbird) се одлучила со помош на неа да ги контролира медиумите, филмовите и музиката.

– Идејата за програмата настана во време на Студената војна, кога ЦИА почна систематска инфилтрација во медиумите. Покрената е идеја за САД како суперсила, па дури третина од буџетот на ЦИА во 50-тите години беше користена за глобална пропаганда. Во Холивуд, мозок на Ѕверовите, ЦИА ги заби своите канџи во филмската индустрија. Многу гледачи не се ни свесни колкав ефект на нивните ставови имаат овие медиуми. Медиумската и филмската пропаганда прават вистинска психолошка војна – пишува тој.

Константин вели дека уште Гебелс тврдел дека филмовите се најдобар начин да се влијае на масите и на нивните ставови.

Повеќе од маркетинг

Кога Вилсон Брајан Ки во 1973 година ја објавил книгата Потсвесно заведување, приказната за овој вид на контрола на масите го достигна врвот.

– Не може да се гледа телевизија или да се слуша радио, а да се избегнат нападите од потсвесните пораки. Сега знаеме, без никакво сомневање, дека потсвесните стимулации ги продаваат производите. Секс е најчесто користен збор во овој вид на маркетинг.

Овој едноставен збор може да се најде речиси во секоја реклама, речиси секој филм… – пишува тој.

Сепак, многумина веруваат дека потсвесните пораки се користат за многу повеќе од маркетинг. – Холивуд е волшебно стапче. Работи или идеи кои инаку се чинат бизарни, вулгарни, непосакувани и невозможни се уфрлаат во фантастичните филмови. Кога публиката ги гледа тие филмови, мозоците се отворени за сугестии и процесот на условување почнува. Овие филмови се замислени да ги програмираат просечните луѓе, така да застрашувачкиот концепт со тек на време станува нешто што се смета за нормален напредок, да ги подготват за она што прво се претставува како дистописко општество, а потоа се чини неизбежно и нормално – пишува публицистот Алан Ват. Како такви филмови тој ги наведува Матрикс, Еквилибриум, Тие живеат, Игра на гладот…

Специјална дозвола

Порака за убиецот БТК

Потсвесните пораки официјално се забранети, но станицата КАКЕ ТВ во Канзас во 1978 година доби специјална дозвола да пушти една порака. Поради теророт на т.н. БТК убиец, во вести пуштија цртеж со очила и куса реченица: Сега јави му се на шефот на полицијата. Како што зборуваат полицајците и репортерите, се претпоставувало дека цртежот со очилата ќе предизвика грижа на совеста и ќе го натера убиецот да се предаде. Обидот не дал никакви резултати.

Роберт Борнстајн

Благо влијание

Роберт Борнстајн во списанието Журнал оф мајнд енд бихејвиор, во 1989 година објавил натпис Потсвесните пораки како оружје на пропагандата. По деталната анализа, заклучил дека потсвесниот маркетинг може да пренесе пораки какви сака, но дека нивното влијание на луѓето, во најдобар случај е благо. Тие ја заобиколуваат свеста и не постои отпор кон нив, па можат до некаде да бидат успешни со помош на други методи.

Пораки во песни

Постојат теории дека во некои песни се кријат скриени пораки кога плочата ќе се пушти наназад. Ова се некои од нив.

– Битлси, Revolution 9  –  Возбуди ме, мртов човеку

– Лед Цепелин, Stairway to Heaven – Наводно се слуша: Ова е за мојата слатка Сотона

– Иглс, Hotel California – Наводно се слуша: Да, Сотоната создаде сопствена религија

– Мајкл Џексон, Don‘t Stop till You Get Enough – Наводно се слуша: Приклучи се на морнарицата. Придружи се на морнарицата.

– Бритни Спирс, Hit Me Baby One More Time – Наводно се слуша: Спиј со мене, не сум премлада.

 

Правда – Белград

 

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ