Со наследство дете станало милијардер на 14 години

Од:

Момче од 14 години стана милијардер, откако сопственикот на најголемиот ланец на дрогерии во Европа „ДМ“, Гинтер Леман пред неколку месеци ги пренел акциите на својот син.

Според извештајот на германскиот весник „Виртшафтсвоч“, 76- годишниот магнат пренел најголем дел од своите 2,8 милијарди долари на неговиот наследник, што се потврдува и со извод од трговскиот регистер.

– Оваа промена нема да влијае на деловната насока на компанијата, тврди извршниот директор на „ДМ“, Ерих Харш.

За сите правни прашања на младиот милијардер ќе биде одговорен посебен ревизор, а Леман-Сениор и понатаму ќе биде во Надзорниот одбор. Пред неговиот наследник да добие глас во компанијата сепак ќе биде потребо да мине извесен период.

Леман се придружил на „ДМ“ како партнер во 1974 година, кога основачот Готз Вернер ја отворил својата втора продавница и му недостасувале пари за проширување на бизнисот. Леман тогаш влегол како акционер на ланецот супермаркети Баден, Пфанкуч. За возврат, добил 50 отсто акции во компанијата.

„ДМ“ денес е најголем ланец дрогерии во Европа со над 56.000 вработени и 3.300 продавници.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска