Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Од:

Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот производител на луксузни стоки LVMH Бернар Арно, изгубил 10,39 милијарди евра за еден ден, пишуваат медиумите во средата. Арно, наводно, ја изгубил таа сума во вторникот по значителниот пад на цените на акциите.

Берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи. Акциите на компанијата Луј Витон паднаа за 5,0 отсто, а на компанијата Керинг, сопственик на Гучи, за 2,97 отсто. Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузни стоки во САД.

Бернард Арно и понатаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра. Разликата меѓу него и вториот најбогат човек во светот, шефот на Тесла и Твитер Илон Маск се намали на 11,13 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски

Американските милијардери загубија 93 милијарди долари