Резултатите од едно научно истражување, укажуваат на фактот дека слоновите им даваат големо значење на угинатите членови на своето крдо. Авторите на истражувањето Синтија Мос, Карен МекКомб.
Во текот на низа години бевме сведоци на бројни случаи кога слоновите доаѓаа до коските или лешевите на други слонови. Секогаш не фасцинираше начинот на кој овие животни се однесуваат со угинатите членови.
Доколку станува збор за цела група слонови, тие одеднаш стивнуваат, а односите меѓу нив се очигледно напнати. Потоа полека се приближуваат до лешот или коските и многу нежно ги допираат.
Ако телото на угинатиот слон е се уште сочувано, обично се концентрираат на главата, поточно на кљовите, што ги поттчукнуваат полека.
Кога ќе најдат само остатоци од коски слоновите почнуваат да ги превртуваат, потоа земаат една коска и со неа поминуваат извесно време.
Видовме слонови кои при средба со се уште свеж леш се обидуваат да го закопаат, така што од шумата носат листови од палма и кал за со нив да го покријат животното“.
Научниците се уште немаат одговор за ваквото однесување на слоновите.
Синтија Мос, која со години ги проучува овие најголеми копнени цицачи, има свое мислење за тоа:
“Слоновите се исклучително социјални животни и многу се интелигентни. Нивното помнење е фантастично, што не чуди бидејќи мозокот на слонот е огромен. Претпоставуваме дека тие можат да запомнат исклучително големо количество информации. Јасно е, според начинот на кој се однесуваат, дека се свесни за што станува збор кога ќе наидат на леш на друг слон, што не може да се каже за другите животни.
Ако, на пример, зебрите или некои други диви животни, наидат на леш на припадник од својот вид, тие не обраќаат апсолутно никакво внимание. Тоа никогаш не им се случува на слоновите. Се чини дека тие знаат дека коските или лешот припаѓаат на угинат слон.
Би можело да се каже дека слоновите го познаваат поимот смрт, вели Синтија Мос која се сеќава на една особено впечатлива случка од своето повеќегодишно проучување на однесувањето на слоновите.
“Едно семејство слонови го следевме цели 14 години. Еден од членовите угина, а останатите подоцна отидоа на друго подрајче, оддалечено 15-20 километри. Но, по околу една недела се вратија.
Чудно беше тоа што воопшто не мораа да го бараат патот до коските на угинатата женка, одеа право до местото на кое се наоѓаше лешот, како пчели.
Кога дојдоа до коските, почнаа да ги допираат и превртуваат. Извесно време стоеја над купот коски и мој впечаток беше дека точно знаат за кого станува збор. Смртта на еден член на семејството, претставува голема загуба за останатите членови, вели Синтија Мос.