Жителите на едно мало место во американската сојузна држава Висконсин останаа зачудени кога ја забележаа возрасната слоница Кели, која „појадува“ близу реката Барабу.
Полицијата набрзо стапи во контакт со блискиот циркус, кој бил дом на злаутаниот слон. На местото на „злосторството“ дошол тренерот на Кели и ја вратил назад во циркускиот комплекс.
Официјалното лице на циркусот Дејв Салутос изјави дека Кели ја ослободил друг слон, кој со помош на сурлата успеал да го отклучи кафезот во кој таа се наоѓала.
Салутос додаде дека во текот на своите неколку часови на слобода, Кели преминала преку реката, дошла до еден имот, ја отворила вратата и „појадувала“ трева во дворот.