Скопската зоолошка ќе добие два слона

Од:

По 26 години Зоолошката градина во Скопје ќе добие два слона. Се работи за женки, едната африканска, а другата азиска, кои од Белгија треба да пристигнат на 15 или 16 овој месец.

Како што информира Зоолошка градина Скопје, азискиот слон е најголем од неговиот вид во Европа. Слоновите откако ќе пристигнат ќе бидат 21 ден во карантин во нивното живеалиште во Зоолошката градина. На почетокот на септември се предвидува отворање на живеалиштето, кое е направено по стандарди и проверено е од ЕАЗА-Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми.

Кон крајот на септември во Зоолошката градина треба да простигнат четири шимпанза, меѓу кои е и Коко кој беше на рехабилитација и ресоцијализација во Холандија.

Од Зоолошката градина најавуваат дека ќе донесат и други езгзотични животни.

Би можело да ве интересира

Педофил нападнал три годишно дете во Дебар маало, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција

А1он

Вучиќ за бугарската блокада: Ние го сакаме македонскиот народ и држава, да го чуваме нашето пријателство

(ВИДЕО) Силен ветар и дожд во Скопје, УХМР и за ноќеска најавува слично време

Горан Наумовски

Се скараa и истепаa две семејства од Скопје, четворица ранети завршиja во болница

Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес

ВИДЕО: Паднати дрвја и бандери, оштетени покриви и полавени улици од невремето во Скопје

Катерина Ѓуровски