Музиката и аранжманот за песната „Империја“ so koja Влатко Лозановски и Есма ќе не претставуваат на Евросонг ги направи Симеон Атанасов, синот на Есма, а текстот е на Борче Нечовски, пренесува „Дневник“.
– Среќна сум што ќе ја претставувам Македонија со оваа песна, во која се пронајдов целосно. Таа е убава, динамична и брзо влегува во уво. Има и многу добар текст, особено ме одушевува насловот „Империја“. Со Влатко одлично се сложуваме како вокали и тоа дава посебен квалитет на песната и на нашата изведба – се вели во изјавата.
Евровизискиот тим интензивно се подготвува веќе два месеци а деновиве ќе се реализира и спот за евровизиската тема. Есма и Влатко ќе пеат во второто евровизиско полуфинале, на 14 мај во Малме, Шведска.