(ВИДЕО) Хрватска на Евровизија со песна за Путин: Мал подол психопат

Од:

Веднаш по победата на риечката група Let 3 со песната „Мама ШЧ“ на Дора, со молскавична брзина почнаа да се нижат коментари за нивната победа. Покрај домашните гледачи, хрватскиот избор за песна на Евровизија го следеа и странските евровизиски фанови. Твитер е полн со коментари, кои, во најмала рака, не се позитивни.

Некои евровизиски фанови сметаат дека групата треба да биде дисквалификуван од овогодинешната Евровизија.

„Дисквалификувајте ја Хрватска веднаш или барем песната“, „Посакувам Хрватска да има нула поени на Евровизија“, „Хрвати, што направивте? Ако ова се квалификува за финале, многу ќе се нервирам“, „Што ви е? “, „Нова година, уште еден неуспех на Хрватска да стигне до финалето“, „Дали Хрватска намерно се обидува да се саботира и да си ги намали шансите на Евровизија?“, „Другите земји барем се трудат“, се само дел од коментарите.

Сепак, има и такви кои се целосно воодушевени од песната како и од целиот настап. Мама љуби морон, Армагедон нона, крокодилски мал подол психопат, трактор и мама одам во војна, е дел од текстот на песната.

„Ова е најдобрата песна што Хрватска ја испрати на Евровизија во последните неколку години“, „Песната е наменета за Лукашенко и Путин. Ја сакам“, „Хрватска ќе победи на Евровизија“, „Најсилната песна на Хрватска во последните неколку години“, „Јасно е дека Евровизија повеќе не е музичко натпреварување. Тоа е политика. Затоа Хрватска има шанса да влезе во топ 5“ се мислењата на оние на кои им се допаѓа песната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ