Силбо јазикот со свиркање под закана од изумирање поради економската криза во Шпанија

Од:

Економската криза во Шпанија се одразува и на културното наследство, а сега под закана се наоѓа и Силбо јазикот со свиркање, што се користи од 16 и 17 век на Канарските Острови.

Наспроти протестите, сите основни училишта на Канарските Острови го имаат предметот Силбо, јазик што претставува архаичен начин на комункација со свиркање. Јазикот се состои од само две до четири самогласки и четири согласки, а сите зборови се со свиркање.

Кон средината на минатиот век почна намалувањето во употребата на овој јазик и до крајот на 20-ти век речиси целосно изумре. Сепак, Силбо е под службена заштита на државата како пример за „културно наследство“. Силбо потекнува од стара верзија на јазикот Силбо Гомеро, што во превод значи Гомерско свиркање.

Силбо не е единствениот јазик со свиркање. Сличен јазик се употребува и од жителите на грчкиот остров Евиа, жителите на Кускоја во источниот дел на Турција и во мало гратче на француските Пиринеи.

Повикот за зачувување на овој необичен јазик наиде на поделени мислења. Голем број луѓе сметаат дека од него нема никаква корист, но сепак децата го учат во училиште.

Сега опстанокот на јазикот повторно е загрозен, бидејќи економската криза во Шпанија може да доведе до намалување на бројот на предметите во училиштата.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ