Што всушност предизвикува мамурлак?

Од:

Се што сте знаеле за мамурлакот најверојатно не е точно.

Причината е едноставна: науката не се занимаваше многу со мамурлаците. Само 406 од 658.610 медицински журнали објавија студија на таа тема.

Причините за мамурлакот исто така не се познати, тврди Адам Роџерс, автор на новата книга „Доказ“.

Науката само што почна да ја проучува оваа појава, а за сега, лабораториите работат на преиспитување на разни хипотези, како оние дека за мамурлакот е одговорна дехидрацијата на организмот, потоа шеќерот од алкохолот и чистотата на пијалакот.

Дали сте знаеле дека дури 23 отсо од луѓето немаат мамурлак: Не е познато зошто, но научниците сметаат дека тоа не е предност, затоа што таквите луѓе се склони кон алкохол.

Познато е дека врв на симптомите на мамурлакот се чувствувате кога алкохолот во крвта е на на нула, односно 12 до 14 часа после пијанството.

Дали мамурлакот е само дехидрација? Факт е дека алкохолот го „суши“ организмот, но не е тоа она што предизвикува мамурлак. Нивото на електролити во крвата не се менува многу после пијанството.

Кога станува збор за слатки алкохолни пијалоци, најдобро би било да ги одбегнувате. Една студија покажа дека лактатите кои се последица на комбиниран етанол со гликоза ги влошува симптомите на мамурлак.

Од друга страна, ако нискиот шеќерот во крвта е виновен за мамурлакот, тогаш еден колач за појадок наутро го решава проблемот, а познато е дека тоа не е случај.

Аргументот за чистотата на алкохолот кој често можете да го слушнете од љубителите на вотката, исто така, можеби има зрно вистина: некои пијалаци соодржат многу нуспроизводи на ферментација, а една студија ги поврзува со симптомите на мамурлакот.

Во таа смисла најлоши се бренди, црвено вино, рум, виски, бело вино, џин, па потоа вотката. Но, ни тоа не е научно потврдено.

Дали мамурлакот е некој вид апстиненцијална криза? Најверојатно не. Симптомите се сосема поинакви.

На крај, дали за мамурлакот важи изреката: клинец со клинец се избива“? Најверојатно не, а еве и зошто.

Метанолот, лоша состојка на алкохолните пијалоци која обично се јавува во многу мал процент, телото брзо го разложува и го претвора во формалдехид, кој потоа се претвора во мравја киселин.

Мравјата киселина е многу штетна затоа што ги спречува клетките да користат кислород, што прво се манифестира со слабеење на видот, затоа што на оптичкиот нерв му е потребно многу кислород. Доза етанол или  „клинец“ кој треба да избие „клинец“ го извлекува ензимот за разложување на алкохолот, па организмот престанува да се занимава со ослободување од метанолот и се фокусира на етанолот.

На тој начин метанолот може да се излачи пред да се претвори во отров.  Лекарите дури и го лечат труењето со метанол етанол.

Лошата страна на сето тоа е што ефектот не трае доволно долго за организмот да се ослободи од метанолот, па со повторното конзумирање на алкохол само го одложувате мамурлакот. Освен тоа, ако продолжите со тој ритам, можете да влезете во замката на алкохолизмот.

Некои истражувачи целосно ја отфрлаат можноста дека труењето со метанол всушност предизвикува мамурлак. Тие укажуваат дека можеби зтанува збор за зголемено ниво на молекулите цитокини, кои се клучни за имуниот систем, но нивното зголемено ниво предизвикува воспаление.

Испитаниците, на кои им се вбризгани цитокини чувствувале главоболка, вртоглавица, исцрпеност, слабо помнење, иако не пиеле алкохол.

Значи, кога се очекува големото откритие кое засекогаш ќе го избрка мамурлакот од животот на луѓето?

Можеби веќе постои, а ако тое е така, станува збор за лекот амелопсин, кој се добива од дрвото ховенија. Тоа е традиционален кинески лек кој делува.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол