Според предвидувањата на најголемите пророци оваа 2015. година ќе биде прилично турбулентна-на светот му претстојат нови поплави, земјотреси, но и многу други проблеми.
Речиси сите најавуваат и можен нов судир на светско ниво.
Баба Ванга
Факт е дека 2015. година таа никогаш не ја спомнувала. Таа има кажано дека Европа после 2014. година ќе почне да се опустошува поради болест која ќе се појави како последница на хемиска војна.
Нејзинотото предвидување се поклопува со предвидувањето и на некои други пророци кои мислат дека следната година ќе биде почетокот на третата светска војна.
Таа тврдела и дека во 2016. година Европа речиси ќе остане без луѓе, а во 2018. година Кина ќе стане новата светска сила.
Нострадамус
Зад Црното море и Тартарија ќе дојде крал кој ќе ја гледа Галија, ќе премине преку Аланија и Ерменија и во Византија ќе го остави крвавиот стап, ова е записот на Нострадамус кој се толкува како моментот на тензијата помеѓу Украина и Русија, што може да прерасне во општ судир.