Во Мадрид денеска започна продажбата на тикетите за најголемате и најстара лотарија во светот, чиј фонд на премии што ќе ги добијат најсреќните Шпанци изнесува повеќе од 2,2 милијарди евра.
Главната премија, позната како „El Gordo“ („Мрсна“), изенесува четири милиони евра и досега е доделена 160 пати.
Оваа шпанска лотарија е стара повќе од 200 години и традиционално се одржува во текот на боижикните празници. Извлекувањето на добитните броеви трае три часа и се пренесува директно на телевизија, а вкупниот фонд на награди се дели на стотина добитнци.
Од почетокот на економската криза, вкупната уплата на лотаријата постојано се намалува. Шпанците на божикната лотарија оваа година протрошиле просечно околу 50 евра по глава на жител, што е за 15 отсто помалку отколку во 2008 година.