На Школка во Градски парк вечер ќе има музички настан „Школото заврши“, на кој ќе настапат повеќе музичари и диџеи. Концертот се одржува втора година, организатор е „Баги комуникации“, а покровител Град Скопје.
Иако календарски денеска е крајот на учебната година, во повеќето училишта низ Македонија таа заврши во петокот.
Новина во 2012/2013 беше неколку години одложуваното екстерно тестирање, од кое резултатите се очекуваат идната седмица.
Полуматурантите се подготуваат за запишување во средните училишта – во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања, првото е на 24-ти и 25 јуни, а второто на 1-ви и 2 јули.
Матурантите, пак, полагаат државна матура (8-ми и 11 јуни) од која зависи запишувањето на факултет. Првиот уписен рок на високообразовните установи е на 15-ти и 16 август.