ВМРО-ДМПНЕ бара поддршка од СДСМ и од сите други пратеници за предлог-законот за матура

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува пратеничките групи и пратениците во Собранието на Република Македонија да го подржат Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за средно образование кои се доставени до Собранието. Овој предлог закон е во насока да се излезе во пресрет на барањата на средношколците кои во услови на КОВИД-19 пандемија, бараат бројот на предмети за полагање на матура да се скрати од 4 на 2.

Од партијата велат оти барањата на матураните според нив се оправдани со оглед дека образовниот процес се одвива во вонредни услови поради пандемијата, учебната 2020/21 година започна со еден месец задоцнување со скратени програми и скратено времетраење на училишниот час. Дополнително учениците во оваа учебна година немаа можност за реализација на целосна практична настава и поради отсуството на соодветни технички услови за следење на образовниот процес кај дел од нив.

„Заради тоа со ваквите измени не само што ќе се дефинира бројот на предмети за полагање, туку и ќе се утврди времетраењето на важноста на овој закон. Патем ваков сличен пример за измени на системите за полагање на испити се применети и во други европски земји како Белгија, Франција Обединетото Кралство, Ирска. Жалиме што министерството за образование и наука предводено од министерката Мила Царовска немаше слух да излезе во пресрет на објективните и оправдани барања на средношколците и затоа на овој начин ќе ја исправиме штетата од нивната ароганција. Очекуваме дека пратениците од владејачкото мнозинство и останатите пратенички групи ќе дадат поддршка на ваквиот Предлог Закон за измени и дополнувања на Законот за средно образование и на тој начин ќе овозможат непречен образовен процес во услови на пандемија, со цел ниту учениците, ниту родителите ниту образованието да трпат штетни последици и да не ни случи да губиме генерација средносшколци разочарани од системот и образованието“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМН.

Би можело да ве интересира

Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија

„Јовески мора да одговори зошто ги криел фактите за модуларната болница“: Поднесена интерпелација за Јавниот обвинител

Орце Костов

Продолжи дебатата за измените на Законот за ДДВ

ОТА во правен вакуум без директор: Мандатот на Ангеловски истекува утре, Собранието дури вчера распиша нов оглас

Орце Костов

Анкетна комисија на Собранието ќе утврдува политичка одговорност за случувањата на Онкологија

Собранието ќе расправа за случувањата на Клиниката за онкологија

Катерина Ѓуровски