Само една недела откако неговиот сопственик Мигел Гузман починал, германскиот овчар Капитан, побегнал од дома за да го пронајде гробот на својот поранешен сопственик.
По 7 дневна потрага по кучето семејството го пронајде токму на местото каде што најмалку очекувало, лежело и квичело на гробот и таму ги поминува наредните години, од 2006 година, па се до денес.
Мигел му го купил Капитан како роденденски подарок на својот син во 2005 година. Една година подоцна, во март, изненадно починал. Кога семејството се вратило од погребот, својот домашен миленик не го пронашле дома.
„Го баравме насекаде, но не можевме да го најдеме. Помисливме дека го згазил некој автомобил“, вели вдовицата Вероника Гузман. „Следната недела го најдовме на гробот, иако никогаш не го имавме однесено таму. Тој самиот го нашол и не сака да го напушти“, додава таа. Чуварот на гробиштата рече дека кучето некое време лутало наоколу додека не го пронашло гробот на сопственикот. Од тој момент па наваму секој ден доаѓа во точно шест часот и ја поминува целата ноќ на гробот.
Семејството се обидувало неколку пати да го прибере дома, но тоа секогаш бегало и се враќало назад.
Приказната потсетува на познатиот Хачика, кој девет години, од мај 1925 година, доаѓаше во метрото во Токио во исто време, откако неговиот сопственик Хидесабуро Уено загина при работа на ова место.
На станицата изградија и споменик во чест на овој верен пријател на човекот.