Секретарка вработена во швајцарскиот Парламент направила неколку разголени „селфија“ на работното место и фотографиите ги споделила на Твитер со 11.000 пријатели.
Фотографиите се направени во нејзината канцеларија во Палатата на федерацијата, 162 години стара зграда во Берн, каде што се сместени Парламентот и Владата на Швајцарија.
Отакако скандалот излезе во јавноста, таа само кусо изјави дека не знаела оти прекршила некое од правилата на работното место и дека тие фотографии „се дел од нејзиниот приватен живот“.
Потпаролот од владината Канцеларија за човечки ресурси изјави дека за настанот дознал од весниците, додека стручната служба на Парламентот соопшти дека „имајќи ги предвид специфичните околности“ дополнително ќе реши дали при овој случај се прекршени парвилата за однесување на вработната.