Мајсторот за бегство Ентони Мартин успеа да се ослободи од мртовечки сандак, фрлен од висина од 4.400 метри и безбедно се спушти на земја.
Мартин се смести во древниот сандак, рацете му биле врзени со лисици кои биле врзани за ремен кој бил на него, а десната рака му беше врзана со синџир за внатрешноста на сандакот.
Капакот на сандакот, кој беше фрлен од авион, беше затворен со затворска брава, за која немал клуч. За време на падот, двајца падобранци го одржуваа во рамнотежа, а падот го забавуваа мали падобрани, кои се користат за забавување на автомобилите за тркање и борбените авиони.
Мартин (47) почнал да ја изучува уметноста на бегството од својата шеста година, кога татко му му го „расипал“ уживањето во магијата, покажувајќи му го трикот со налив перото кое лебди. „Мислев дека вештината и знаењето можат да ги надминат триковите и магијата“, изјави во една прилика Мартин.
Со бегства од невозможни ситуации почнал да се занимава на 11 години, а во 1990 година во февруари го изведе својот најопасен перформанс – беше заклучен во кафез, кој беше спуштен во дупка во мраз во замрзната вода, а му беа потребни една минута и 45 секунди да се ослободи.