Се фалел во воз дека ја изневерува жената, па го објавиле на Фејсбук

Од:

Маж кој во воз се фалел дека ја изневерува жената, јавно е понижен на Фејсбук откако го слушнала една патничка и ја објавила неговата фотографија.

Сликата на мажот, кој заедно со пријателите патувал со воз од Филаделфија е поделена на интернет повеќе од 183.000 пати откако патничка од Пенсилванија во средата го постави на оваа социјална мрежа.

– Ако е ова вашиот сопруг, сакам да ви кажам дека патувајќи со возот од Филаделфија два часа морав да слушам фалење од еден губитник и неговите пријатели за нивните љубовни авантури и за тоа дека жените им се глупави затоа што не можат да ги откријат. Ве молам, препратете понатаму, напиша Стеф Стрејер.

Не е познато дали мажот е идентификуван, но после објавување на фотографијата и текстот се разгоре расправа за тоа дали е дозволено да се понижува непознато лице во социјалните медиуми.

– Сега секој може да користи социјална мрежа за да наметне одредени правила на однесување на јавни и полујавни места, на досега невиден начин, напиша Ана Норт на сајтот „Салон“ и додаде дека не смее да се губи од вид дека односниот маж можеби не е женет, односно дека нема тајна врска, или можеби само се правел важен пред другарите.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ