Во интервју за Си-Ен-Би-Си, шефот на мобилниот бизнис на Самсунг Ди Џеј Кох открива дека компанијата ќе го претстави својот прв смартфон со дисплеј на преклопување до крајот на годината.
Според него премиерата може да биде во рамките на конференцијата на компанијата во ноември, но засега не е јасно кога ќе започнат реалните продажби, па може да почекаме и до следната година за да го видиме моделот во продавниците.
Студиите на Самсунг покажале дека постои пазар за слични производи, но компанијата ќе се обиде да го диференцира од таблетите. Од интервјуто станува јасно дека развојот на производот е комплициран, но Корејците се речиси завршени со него.
Овој потег доаѓа во услови на сериозен пад на испораки на смартфони на Самсунг во вториот квартал и посилна конкуренција од компании како Епл и Хуавеи.
Новата категорија производ може да ја промени ситуацијата во корист на Самсунг, но допрва треба да се разбере дали тоа ќе се случи, бидејќи се очекува во почетокот цената на телефоните со дисплеј на преклопување да биде доста висока.