„Самсунг“ на пазарот пушта нова верзија на смартфонот „Galaxy Note 7“

Од:

Јужнокорејската компанија „Самсунг“ соопшти дека почнува со продажба по пониска цена на обновената верзија на смартфонот „Galaxy Note 7“, откако минатата година го повлече од продажба поради безбедносни причини, јавија американските медиуми.

Новите апарати ќе имаат нови, безбедни батерии.

Продажбата на новиоте преправен модел во Јужна Кореја ќе почне од петок, а цената ќе изнесува 700.000 вони (611 долари), што е три четвртини од неговата првична цена.

„Galaxy Note 7“, еден од најскапите смартфони на „Самсунг“, во два наврата пред една година беше повлечен од продажба, откако стана јасно дека неговите батерии се прегрејуваат и се палат.

Повлекувањето на милиони апарати од оваа серија, најголемиот производител на смартфони во светот го чинеше милијарди долари и нарушување на неговата репутација.

Би можело да ве интересира

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Бескрајно забавни фотографии со новиот Samsung Galaxy A53

А1он

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска