„Самсунг“ има варијанта на „Галакси С10“ со пет камери

Од:

Според најновите информации од корејските медиуми, „Самсунг“ има барем една варијанта на „Галакси С10“, кој ќе биде опремена со пет камери.

Извори на „ИТЊуз“ тврдат дека уредот ќе биде со тројна главна камера и двојна камера за селфи фотографии.

Во случај оваа гласина да се потврди, тоа ќе биде првиот телефон на „Самсунг“ со тројна главна камера.

Треба да се има предвид дека оваа конфигурација нема да е единствената за идниот предводник на корејскиот гигант. Очекувањата се „Самсунг“ да претстави три различни варијанти на „Галакси С10“ во почетокот на следната година.

Две од нив ќе бидат директни наследници на сегашната генерација на серијата С со тројна главна камера, а третата ќе биде поевтин модел со малку послаб хардвер и двојна камера на задниот панел.

Двата поевтини модели најверојатно ќе се со единечна предна камера.

Би можело да ве интересира

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Бескрајно забавни фотографии со новиот Samsung Galaxy A53

А1он

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска