ВИДЕО: Самсунг ги претстави новите Галакси С8 и С8 Плус

Од:

По изминатите седум месеци, контролирајќи ја штетата напревна со дебаклот на Галакси Ноут 7, Самсунг повторно се враќа на сцената со новиот Галакси С8.

Денеска, Самсунг ги претстави нивните нови премиум смартфони, Галакси С8 и С8 Плус, со кои што очекуваат да се вратат на пазарот за паметни телефони.

Од прв поглед се забележува промената на изгледот на екранот, односно сега екранот го зафаќа речиси целиот простор од предната страна на екранот. Овој коцепт е наречен Инфинити Дисплеј.

Уште една од новостите со кои што Самсунг ќе се бори со Ајфонот е и новиот дигитален асистент нарече Биксби, кој треба да претставува конкуренција на Сири. Според најавите, Биксби ќе овозможува целосна контрола на телефонот со гласовни команди.

Биксби се активира со посебно копче од страната на телефонот, а во моментов неговата функционалност е ограничена на апликациите на Самсунг и системските функции. Асистентот има можност и да ја користи камерата за да идентификува предмети и да прави интернет пребарување за информации во врска со предметот што го гледате.

Освен гласовните команди, Биксби има и нов почетен панел што „живее“ на левата страна од главниот екран. Таму се наоѓаат сите релевантни информации и е доста сличен на концептот на Google Now.

Најверојатно најголема промена на новиот С8 е отсуството на физичко „Home“ копче на предната страна. Наместо тоа, дигитални копчиња се појавуваат на дното на екранот со стандардните Андроид контроли. Дното на екранот е исто така сензитивно на притисок, па ќе почувстувате „фидбек“ при притискање.

Сензорот за отпечаток, кој што досега се наоѓаше на физичкото „Home“ копче, сега е на задната страна од телефонот, веднаш до камерата.

Новиот С8 исто така содржи и скенер за зеница, кој што може да се користи за отклучување на телефонот или за додатна заштита на податоци, а од Самсунг тврдат дека е побезбеден за користење од сензорот за отпечатоци.

Еден од поинтересните новитети на новиот С8 е тоа што телефонот може да се поврзе со монитор, тастатура и глушец и да се користи како лесен компјутерот со модифицирана верзија на Андроид.

Држачот со кој што се овозможува ова, раречен DeX, се продава одделно (се уште не е позната цената) и вклучува приклучоци за HDMI, USB и мрежа. Откако телефонот ќе се поврзе, може да се користат Андроид апликациите во десктоп средина. Некои апликации како Мајкрософт Офис и Адобе Лајтрум, се оптимизирани за десктоп, а ќе постои можност тоа да го направат и останатите апликации.

Телефонот повтроно има стандарден 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, како и 12 мегапиксели задна и 8 мегапиксели предна камера. Стандардниот телефон ќе има 64 гигабајти внатрешна меморија и можност за зголемување со мемориска картичка и истиот ќе биде отпорен на вода.

Почетната цена се очекува да биде околу 720 долари, а телефонот ќе почне да се продава од 21. април.

Би можело да ве интересира

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Бескрајно забавни фотографии со новиот Samsung Galaxy A53

А1он

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска