Сама чува 175 болни мачки

Од:

 Марија Тореро (45) од Перу троши 1.785 долари месечно на лекови и храна за мачки кои се заболени од леукемија.

– Како медицинска сестра сметам дека моја должност е да ги прифатам животните кои другите ги отфрлиле. Никој не сака да посвои стари мачки, посебно не оние кои се тешко болни, рече Перуанката.

Нејзните миленичиња слободно шетаат по двокатниот стан со осум соби. Некои имаат свои кревети, а други повеќе сакат да спијат со Марија или нејзините деца.

Шестгодишниот Фабијан секојдневно и помага на мајката така што полни садови за храна и вода и менува песок.

– Покрај неопходната нега, мачките од моето семејство добиваат и безусловна љубов, а тоа им е најпотребно, објасни Марија Тореро.

Иако никој од нејзините соседи се уште не се пожалиле, ветеринарите ја предупредија дека леукемијата кај мачките се пренесува со директен контакт и делење садови за храна.

Меѓутоа, Марија смета дека животните во нејзиниот дом се побезбедни отколку на улица.

– Да сум ги оставела покрај контејнер би биле осудени на сигурна смрт. Вака ќе се погрижам да им обезбедам уште неколку години живот, рече Перуанката.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он