Сакал коса, апчињата го направиле жена

Од:

Информатичарот Вилијам Мекки за да ја победи ќелавоста почнал да пие апчиња против недостаток на коса, но тие имале сосема различен ефект врз неговото тело. Не само што не му пораснала коса туку апчињата против ќелавост го претвориле во жена.

Прво му пораснале гради а после тоа му се рашириле колковите. После неколку месеци прилагодување, Вилијам почнал да се облекува како жена и името го сменил во Менди.

„Моите тврди и од теретаната извајани гради стануваа се помеки и на крајот се претворија во женски дојки. Најпрво се чувствував чудно но после неколку месеци стана потполно природно. Како отсекогаш да сум бил жена“, рече Мекки.

Вилијам откако стана Менди, му стави крај на десетгодишниот брак. Апчињата “Propecia“ ги користел девет месеци, а сега размислува да се подложи на операција за сменување на полот. Инаку нуспојавите од користењето на лекот можат да бидат недостаток од сексуална желба или смалување на половиот орган, но ова е прв случај каде некој тврди дека од користењето на лекот против ќелавост “Propecia“ станал личност од спротивниот пол.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он