Рускиот астроном Сергеј Смирнов тврди дека вонземјаните ја заобиколуваат Земјата бидејќи луѓето се идиоти.
Овој научник од престижната лабораторија за вселенски истражувања Опсерваторија Пулково смета дека вонземјаните не доаѓаат бидејќи мислат дека луѓето се премногу опасни за нив.
Тој вели дека „малите зелени“ немаат доверба во луѓето кои се „однесуваат како волци кон сопствената планета“, која системски ја уништуваат.
– Вонземјаните на нас гледаат како на неразвиени идиоти. Можеби не изолирале со некаков параван од останатата галаксија. Можеби испраѓаат предупредување кон стотици милијарди ѕвезди, тврдејќи дека цивилизацијата во близина на џуџестата ѕвезда, која ја нарекуваме Сонце, се многу опасни, коментира Смирнов.
Според него, вонземјаните се плашат луѓето да не ги злоупотребат нивните познавања, па затоа стојат настрана од Земјата.