Русија протера македонски дипломат од амбасадата во Москва

Од:

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Информацијата ја објави и Руската амбасада во Скопје.

„Вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“ – се вели во објавата на амбасадата на Русија во земјава.

Ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Северна Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални