Рон и Џени Витон наидоа на вистинско мало богатство во текот на реновирањето на нивната куќа. Брачната двојка пронајде 45 шпански монети од 16-от век заѕидани во нивната стара куќа во Кастиљонес во Франција.
Вредноста на пронајдените монети според првата проценка беше околу осум илјади фунти, но се претпоставува дека заради нумизматичката вредност златните монети можат да вредат многу повеќе.
Монетите се оставени во трезор во банка со надеж дека ќе ги продадат на некој колекционер за да заработат пари за реставрација на нивната куќа.
– Откривањето на овие кеси со златни монети за мене беше како мал прозорец кој ме однесе во друг свет, друг живот и навистина е неверојатно, рече Џени Витон.