Револтирана Британка со својот коњ влегла во ресторан на Мекдоналдс

Од:

Полицијата во Манчестер е повикана да интервенира, кога една жена, револтирана што не била услужена, со својот коњ влегла во ресторан на Мекдоналдс во овој британски град.

Жената чиј идентитет не се соопштува, не била услужена, кога со коњот застанала пред шалтерот на еден „Драјв ин“ ресторан на овој синџир за брза храна за да си купи бургер.

Персоналот и објаснил дека таа не може да го добие својот сендвич, затоа што ресторанот е уреден само за автомобилисти и за луѓе кои доаѓаат да земат храна со своето возило, а не за коњаници.

Налутената жена тогаш го повела својот коњ во ресторанот, на општа вчудоневиденост на гостите кои во тој момент се затекнале во салата и на персоналот. Кога коњот среде ресторанот „ја испразнил својата бешика“ предизвикувајќи смрдеа, гостите почнале да бегаат фрлајќи ја храната, а персоналот на ресторанот ја повикал полицијата.

Компанијата „Мекдоналдс“ со посебно соопштение го потврди инцидентот и им се извини на сите гости за непријатноста на која биле изложени.

Претставник на компанијата објасни дека персоналот постапил правилно кога не ја услужил жената, инсистирајќи дека од „хигиенски, здравствени и безбедносни услови“, храна во рестораните на компанијата им се дава на возачи, а не на коњаници.

Жената е одведена на сослушување и за инцидентот што го предизвикала е парично казнета.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ