Рекорден „џекпот“ на турската лотарија од 17,2 милиони евра

Од:

Милиони Турци го чекаат новогодишното извлекување на броевите од турската лотарија, за која „џекпотот“ изнесува рекордни 55 милиони турски лири, односно 17,2 милиони евра.

Извлекувањето ќе се одржи на 31 декември во 12 часот и ќе биде директно пренесувано на државното радио и телевизија.

Турските медиуми објавија дека најголем број тикети на лотаријата се продадени во Истанбул. Цел тикет чини 50 лири (15,6 евра), половина 25 лири (7,8 евра), а четвртина 12,5 лири (3,9 евра).

Статистиката од последните 10 години покажува дека „џекпотот“ најчесто се паѓа на четвртина тикет, при што најголемиот број среќни добитници се од Истанбул, а потоа од Анкара, Адана и Измир.

Со главната премија во Турција би можеле да се купат четири авиони од типот „Фалкон 2000“, околу 300 стана или десет вили крај Босфорот.

Би можело да ве интересира

Над еден милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија

ВИДЕО: Инфлуенсер фрли милион долари од хеликоптер: Луѓето се тепаа за парите

Предраг Петровиќ

Камионџија добил три пати на лотарија за само 11 месеци

Постигната 7-ка во Кичево, вредна над 500.000 евра

Милиони Американци во надеж: Добивката на Мега милионс над милијарда долари

Предраг Петровиќ

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер овозможено од www.loto.mk

Ана Ололовска