Разоткриен митот зошто пингвините не летаат

Од:

Научниците, веруваат дека извонредната пливачко-нуркачка вештина на пингвините ја чинело оваа птица можноста за летање, пренесе BBC.

Тие проучувајќи ги другите видови морски птици дошле до заклучокот дека крилото коешто е добро за летање не може истовремено да биде добро и за нуркање и за пливање.

„Кога птицата лета и нурка, мора да ги користи крилјата за две многу различни дејствија., Биометричката хипотеза гласи дека е невозможно да се имаат крилја коишто поденакво се добри и за двете работи”, вели професорот Џон Спикмен од универзитетот во Абердин.

За да ја истражат оваа теорија, научниците го проучувале блискиот роднина на пингвините, норката. Оваа морска птица, не само што физички наликува на пингвинот, туку може и да плива исто така добро, но може и да лета.

Научниците оттаму го истражиле количеството енергија со која норката го употребува во овој процес.

Сфатиле дека птицата нурка со релативна лесноти, но оти летањето силно ја заморува.

„Трошењето на енергијата е големо. Норката има куси крилја и мора со нив да мавта со неверојатна брзина за да се одржи во воздухот. Тоа е исцрпувачки”, вели Спикмен. Затоа што троши толку енергија, норката главно лебди.

Научниците сметаат дека токму трошењето енергија е точката којашто еволуциски одредува моментот кога некои морски птици ќе ја загубат способноста да летаат.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он