Размислувајте позитивно, животот ги практикува вашите мисли

Од:

Позитивното размислување ни носи голем број благодети, внатрешен мир, успех, подобри односи со средината, подобро здравје, среќа и задоволство. Тоа ни помага да ги преживееме секојдневните проблеми и да живееме подобар животот, ветувајќи ни подобри денови и посветла иднина.

Позитивното мислување е ментален став што не учи да очекуваме добри и позитивни резултати во сите ситуации. Тоа е тајната на успешните и среќни луѓе. Тие не се свртуваат кон негативноста и никогаш не го очекуваат лошото да им се случи. Го полнат својот ум и срцето со позитивни мисли и зборови. Што умот очекува – тоа и добива.

Не е лесно воопшо и не секој може лесно да прифати или само да верува во позитивното размислување. Некои веруваат дека тоа се глупости и често им се исмејуваат на луѓето кои сакаат да го променат својот живот на овој начин. Луѓе кои се одлучиле за ваквото гледање на светот и животот се сведоци на многу убави нешта што ги доживеале откако срцето и умот ги отвориле за добрите мисли и дела.

Често забораваме дека им влијаеме на луѓето кои ги среќаваме, а и тие на нас. Ова се случува инстинктивно и на ниво на потсвеста, преку нашите мисли и чувства и јазикот на телото. Луѓето ја чувствуваат нашата енергија и ние ја чувствуваме нивната. Сите ние повеќе сакаме да им помагаме на оние кои се позитивно настроени, отколку на оние кои се негативни, притоа речиси секогаш ги избегнуваме оние што шират негативна енергија.

Позитивното размислување е заразно. Луѓето околу нас го впиваат нашето расположение и дејствуваат во склад со него. Размислувајте за среќа, добро здравје и успех. Ова ќе ги привлече луѓето во вашиот живот, како и вас самите кон нив. Сите ќе уживате во позитивните вибрации што си ги испраќате.

Негативните мисли, зборови и ставови носат и такви расположенија. Кога умот е негативен, таму е и фрустрацијата и разочарувањето. Колку пати ви се случило да лошите работи станат уште полоши само затоа што постојано сте окупирани со мислите дека се што е лошо на овој свет само вам ви се случува. Размислувате дека вие сте најнесреќниот човек и дека секој друг е многу подобар од вас. Толку сте убедени во овие ваши мисли што дури и не ги забележувате позитивните шанси што минуваат покрај вас. Не се обидувајте да ги импресионирате луѓето околу вас со негативна енергија.

Не е доволно само понекогаш да се обидуваме да бидеме позитивни, и притоа да ни недостасува силна волја за тоа и цврст став.

Обидете се да ги игнорирате негативните мисли. Потребно е многу време и работа да се промени менталниот став и позитивизмот да стане дел од вашата личност. Одбијте да размислувате негативно и имајте конструктивен и среќен живот.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он