Разбудете ги страстите, појдете на состанок со својот сопруг

Од:

Се сеќавате ли на магијата кога првпат се состанавте и потоа почнавте да излегувате со вашиот сегашен сопруг?

Времето поминато заедно во брак, очигледно ви помина брзо. Децата и работата ви го пополнуваат целото време, па едвај наоѓате слободен момент да земете здив, а за романтична вечера да не зборуваме.

Можеби летото е совршена можност за уште еден состанок со животниот избраник.

Брачниот советник и сексолог, Лиса Паз препорачува неколку возбудливи идеи што ќе ви помогнат да излезете од рутината и да го освежите вашиот љубовен живот.

Многу е важно се уште да фантазирате, да се запознавате меѓусебно подобро, да си упатите неколку комлименти и пред се, не заборавајте да се забавувате.

1. Научете нешто ново

Зачините го вашиот љубовен живот со некои нови јадења, се разбира научете прво како се подготвуваат. На тој начин ќе можете да пропатувате низ егзотичните земји, без да отидете таму, туку нив ќе ги донесте во вашиот дом. Почнете да учете италијански јазик, при што шепотењето на перницата на овој јазик ќе ја разбуди романтиката во вас. Можете да се запишете на курс по танцување, валцер, салса. И ако ве мрзи да го правите сето ова, сепак постојат и многу други опции што ќе г посакате и ќе се согласите да ги правете двајдата заедно.

2. Уживајте заедно

Кога ќе научите нешто ново заедно, земето го вашиот партнер за рака и отидете заедно на сензуална масажа. Интимната активност не само што ќе ги подобри вашите сетила, тику и ќе заврши со реласирање. Можете заедно да одите на пешачење или да спортувате двајцата. Ако не сакате да ја напуштите прекрасната домашна атмосфера, направете си романтична атмосфера во домашни услови, запалете свеќи, земете малсо за аромотерапијска масажа и останатото го знаете.

3. Појдете на состанок „на слепо“

Средбата може да се организира преку интернет или со нов телефонски број. Направете си таен профил, бидете што е можно покреативни. Најдете некое интересно место во градот, можеби каде што некогаш се сретнавте, или појдете на кино. Едноставно кажано, одете на состанокот без никаков притисок и уживајте во возбудата што ја нуди мистичноста.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он