Распеани мајмуни прогласени за животни на годината во Зоолошката во Виена

Од:

Посетителите на виенската зоолошка градина „Шонбрун“ секој ден можат да уживаат во дуетот на мајмуните Рао и Сипура. Тие се од расата гибони, кои во животинскиот свет се нарекуваат и шумски пејачи. Тој загрозен вид животни сега се прогласени за „ЗОО животни за 2019 година“.

– Гибоните спаѓаат во групата мали мајмуни. Многу луѓе не се свесни за нивното загрозување како што е тоа случај со големите мајмуни, орангутани или горила, вели Регина Крамер, кустос за заштита на видовите животни во зоолошката градина во Виена.

Секоја година Зоолошкото друштво за заштита и популација избира „ЗОО животно на годината“ за да се сврти вниманието на загрозените видови.

Во зоолошката „Шонбрун“ во Виена живее семејство белораки гибони: Рао и Сипура со Саја, родена во август 2017 година. Гибоните се моногамни, ги бранат своите граници со енергично визуелно и вокално изразување. Можат да се слушнат и на далечина од околу еден километар, а во тоа се здружуваат во дует со партнерот, во што некогаш се придружуваат и младите.

Постојат вкупно околу 20 видови гибони. Сите се под сериозна закана за изумирање. Главната причина е сечењето на шумите во југоисточна Азија. Проблем претставува и ловот.

Кампањата „ЗОО животно на годината“ поддржува два проекта на отворено: прибежиште во Лаос, каде што обучени ренџери се борат против ловџиите и шумско подрачје во Виетнам, каде постои подрачје за гибони од 120.000 хектари. Зоолошката градина во Виена финансиски ги поддржува двата проекта.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија