Првите американски колонисти јаделе човечко месо за да преживеат

Од:

Жителите на Форт Џејмс, првата колонија на англиски доселеници во Америка, очигледно практикувале канибализам за да ја преживеат тешката зима во 1609 година.

Старите документи веќе упатувале на постоење на канибализам меѓуколонистите, но доказите за тоа се добиени дури со проучувањето на коските на 14-годишна девојка, кои неодамна се откриени на тоа историско наоѓалиште, во близина на Џејмстаун, во источноамериканската држава Вирџинија.

Во текот на суровата зима во 1609 година, кога од глад починале речиси 80 отсто од колонистите, одредени членови на заедницата се обиделе и успеале да извлечат коскена срж, како и дел од ткивото на лицето и градите на починатата девојка, со цел да се прехранат, појаснија антрополозите на американскиот Природно-научен музеј во Вашингтон.

На черепот се пронајдени траги од удари зададени со остар предмет, како и траги на длабоки исеченици на нејзиното лице и врат, се наведува во извештајот на Даглас Оусли, антрополог-форензичар на институтот Смитсонијан, кој го анализирал скелетот на девојката.

– Начинот на постапувањето кон телото на девојката по нејзината смрт го покажува целиот очај и исклучително тешките околности со кои колонистите од Форт Џејмс се соочувале во текот на зимата во 1609 година, изјави американскиот научник.

Жителите на колонијата биле под опсада на Индијанците и немале доволно храна за да преживеат. Најпрво ги изеле сите животни во тврдината, а потоа дури и сите кожни предмети, кои можеле да ги пронајдат. Не е познато колкусвои сонародници изеле. Првата помош во храна ја добиле дури по неколкумесеци, а од 300 првобитни доселеници, преживеале едвај 60.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ