Прва предматурска забава на отворено

Од:

Во Градскиот парк во Скопје в сабота, во 12 часот ќе се одржи првата предматурската забава на отворено „Ѕвони за забава“. Матурантите од цела Македонија преку забава со познати водители, пејачи и диџеи, ќе можат да се информираат за повеќе студиски програми и да добијат многу подароци и попусти за нивната матурска вечер.

Забавата е замислена како училиштен ден со седум часа, на кој класни водители ќе бидат Ненад и Ксенија. Предавачи по македонска забавна музика ќе бидат ексклузивците на продукцијата „Горила“ Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска, Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, часови по странска музика ќе одржат диџеите Dela и Branchez, а часот по танцување ќе го одржат предавачите од студиото за модерен танц „Бреак а лег“.

– Сметаме дека ваквиот вид забава чија целна група се матуранти и средношколци е неопходна за овој период на предматурски подготовки. Тинејџерите обожуваат да се забавуваат и квалитетно да го поминат нивното време. В сабота, освен што ќе понудиме квалитетна забава, присутните ќе ги изненадиме со многу подароци, ќе делиме ваучери за попуст, ќе ги информираме матурантите за можностите по кој пат да чекорат во нивниот живот, кога станува збор за нивното образование, информираат од организацискиот тим на „Ѕвони за забава“.

Предматурската забава „Ѕвони за забава“ треба да прерасне во традиционална манифестација што обединува забава, образование и култура и предвидено е да се одржува секоја година во овој период. Настанот е во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак