Прва предматурска забава на отворено

Од:

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи првата предматурската забава на отворено „Ѕвони за забава“. Матурантите од цела Македонија преку забава со познати водители, пејачи и диџеи, ќе можат да се информираат за повеќе студиски програми и да добијат многу подароци и попусти за нивната матурска вечер.

Забавата е замислена како училиштен ден со седум часа, на кој класни водители ќе бидат Ненад и Ксенија. Предавачи по македонска забавна музика ќе бидат ексклузивците на продукцијата „Горила“ Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска, Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, часови по странска музика ќе одржат диџеите Dela и Branchez, а часот по танцување ќе го одржат предавачите од студиото за модерен танц „Бреак а лег“.

– Сметаме дека ваквиот вид забава чија целна група се матуранти и средношколци е неопходна за овој период на предматурски подготовки. Тинејџерите обожуваат да се забавуваат и квалитетно да го поминат нивното време. Освен што ќе понудиме квалитетна забава, присутните ќе ги изненадиме со многу подароци, ќе делиме ваучери за попуст, ќе ги информираме матурантите за можностите по кој пат да чекорат во нивниот живот, кога станува збор за нивното образование, информираат од организацискиот тим на „Ѕвони за забава“.

Предматурската забава „Ѕвони за забава“ треба да прерасне во традиционална манифестација што обединува забава, образование и култура и предвидено е да се одржува секоја година во овој период. Настанот е во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Наместо со автомобил, матурант пристигна на коњ на матурската вечер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зурли и тапани, матуранти го блокираа Скопје

А1он

Матурска парада во Скопје

Ана Ололовска

Честитка од 3.000 денари од градоначалникот Сашко Митовски за матурантите во Крива Паланка

Орце Костов

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

Орце Костов

Матурантите се договорија со Заев, ќе има два екстерни и два интерни испити

Искра Манојлоска