Прв собир и дегустација на пиво од домашни производители

Од:

Македонски производители на пиво во домашни услови денеска организираат собир во Битола.

На овој прв мини пиво-фест ќе бидат претставени 10 видови пиво. Настанот почнува напладне, во 12 часот, а предвидува правење пиво во живо, дегустација и дискусија со производителите.

За попладне, во 18 часот, е закажана проекција на филмот „Пивска култура“.

Посетителите ќе може да дегустираат пиво од шест производители, тројца од Скопје и тројца од Битола. Бидејќи пивата се произведени во домашни услови и се во мали количини, дегустацијата ќе биде лимитирана и ќе чини 50 денари.

Организатор е задругата „Артикултура“ со поддрша на порталот „Сакам пиво мк“ кој ги промовира пивската култура во земјата, домашните производители и фејсбук групата „Домашно пиварство Македонија“.

Целта, велат организаторите, е да се поттикне културата на дегустирање на овој древен пијалок и да се стимулира поинаков пристап, на повисоко ниво.

Сличен настан ќе се организира и во Скопје, до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски