Во Ботаничката градина на американскиот Конгрес во Вашинготн процвета „најсмрдиливиот“ цвет во светот Титан арум (Amorphophallus titanum), познат и како „цвеќе труп“.
Градинарите тврдат дека врвот на „миризбата“ оваа тропска билка го достигнала синоќа и дека таа ќе трае два дена.
Титан арум е тропска билка по потекло од островот Суматра во Индонезија. Таа е откриена во 1878 година, а нејзина главна карактеритика е миризбата што потсетуваат на смрдеа на скапано месо.
Станува збор за билка која ретко цвета – еднаш на секои четири или пет години, а миризбата на цветот по правило привлекува голем број инсекти.