На хуманитарната аукција за деца со аутизам, што ќе биде одржана на 24 јуни во галеријата „Стер“ во Хадсон, на продажбата ќе бидат понудени и приватни предмети на гитаристот на групата „Ролинг Стоунс“, Кит Ричардс и неговата сопруга Пети Хансен.
На аукцијата нема да биде понудена гитарата на Ричардс, прстенот кој беше негов заштитен знак, ниту пак костимите што тој ги носеше на концертите, туку личните работи од неговиот апартман на Менхетен.
Фановите на аукцијата ќе имаат можност да купат парчиња на италијански, француски и англиски мебел, персиски теписи, слики, сребрени прибори за јадење, кристални чаши за вино, па дури и сет за чај од кинески порцелан со нацртани черепи.
– Врвни антиквитети ни доаѓаат од апартманот на Менхетен, кој Пети гп уреди со дизајнерката Керол Пери за да има стан за како што сонувала, соопшти аукциската куќа.